Верата на Том Круз била главната причина за разводот

Од:

Откако се откри информацијата дека славниот пар Кејти Холмс и Том Круз се разведуваат, во јавноста се проширија многу претпоставки за причините поради кои им пропадна бракот.

Новинарите шпекулираа дека тоа е заради полуголата фотосесоја со неколку згодни девојки на Том, или пак незадоволството на Кејти од неговото однесување, односно дека во петте години брак, Кејти само се откажувала од се што сака, пропаѓала психички и ја изгубила насмевката од лицето заради него. Славниот актер ова не го коментираше многу, велејќи дека и тој е изненаден од одлуката на својата сопруга да побара развод.

Денеска се објави уште една информација која е веројатно и главниот виновник за нејзината одлука.

Секоја постапка или прошетка на сопругата била следена од саентолозите, кои тврделе дека таа преставува закана за нивното движење.

Ова следење се уште продолжува и по објавувањето на шокантниот развод во петокот.

Неколку мистериозни мажи биле забележани околу станот на Кејти и секогаш кога таа ќе излезела надвот ја следеле.

Пукнатината се појавила кога таа сфатила дека одлуките на Том донесени според правилата на саентолошката црква директно влијаат на нивната ќерка Сури, без никакво колебање. Одлучила да го прекине сето тоа додека се уште има веројатни шанси да го добие старателството над своето шест годишно дете кое веќе се однесувало како што сака тато, и било еден вид на малечок возрасен човек.

Животот зад затворени врати за Кејти Холмс бил далеку од романтична љубовна приказна. Тие така изгледале пред Холивуд затоа што нејзиниот сопруг, Том побарал од неа така да се однесува.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска