Убавицата од Барбадос, 31-годишната Ријана, ги збуни фановите на Инстаграм со необична порака.
Во пораката, пејачката бара да и простат сите со кои не била во добри односи во текот на минатата година.
– На сите свои пријатели/семејство/соработници на кои не сум им се јавила се уште, а чекаа со месеци…Ве молам, простете ми. Оваа година беше тешка и напорна. Работам на едно нешто кое се вика рамнотежа. Се гледаме наскоро, напиша Ријана.
Со оглед дека во минатата година пејачката не се изјаснуваше јавно за нејзиниот приватен живот, сите се прашуваат поради што испратила јавно извинување.