Вдовицата на Хит Леџер го чека своето второ дете, а наскоро и ќе се мажи

Од:

Мишел Вилијамс, невенчаната сопруга на починатиот Хит Леџер, се вери со режисерот Томас Каил. Двајцата го чекаат своето прво бебе. За Мишел ова ќе биде нејзино второ дете, со оглед дека веќе ја има 14-годишна ќерка, Матилда, со покојниот Џокер, Хит Леџер.

Мишел и Томас ја скрија својата врска толку добро што никој во Холивуд не знае колку долго биле заедно. Многумина претпоставуваат дека двојката се запознала на сетот на познатата серија номинирана за Златен глобус „Fos/Verdon“. Мишел веќе доби награда Еми за улогата на Гвен Вердон во оваа серија.

Папараците пред некој ден ја фотографираа актерката во Лондон како купува облека за бебиња. Таа и Томас моментално престојуваат во овој град, каде снимаат продолжение на „Venom“, заедно со Том Харди.

Дека животот е непредвидлив, покажува дека веста за бременоста и веридбата на Мишел дошла само неколку месеци откако актерката се разведе од поранешниот сопруг Фил Еверум. Мишел и Фил го завршија бракот на почетокот на 2019 година. Бракот траеше само неколку месеци.

За Томас Каил, бракот со Мишел, исто така, ќе биде втор по ред. Тој претходно беше оженет со актерката Ангела Кристијан.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска