Уште еден развод во Холивуд: Мелани Грифит и Антонио Бандерас

Од:

Во последно време холивудските двојки се разведуваат толку брзо како менувањето на чорапи. Откако Деми Мур и Ештон Качер повлекоа нога, следуваа Џони Деп и Ванеса Парди, па Том Круз и Кејти Холмс и сега најнов развод помеѓу славните е Мелани Грифит и Антонио Бандерас.

Поточно, списанието „Нејшнел Енквајер“ во своето најново издание пишува дека славниот пар во моментов се соочува со големи брачни проблеми кои би можеле да резултираат со развод.

Според информациите Мелани се одлучила на ваков чекор и неодамна била фатена надвор без прстен на раката. Љубората на Мелани ја достигнала точката на вриење кога го фатила Антонио на Канскиот фестивал, како флертува со две „егзотични“ убавици.

Ако гласините се вистина, ова ќе биде уште еден развод тежок најмалку 50 милиони долари.

Мелани Грифит и Антонио Бандерас се во брак од 1996 година и ја имаат 15-годишната ќерка Стела.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска