Пејачката Иги Азалеа и нејзиното момче, раперот Плебои Карти, пријавија кражба на накит во вредност од 336.000 долари од нивниот дом во Атланта, соопшти полицијата.
Дваесет и деветгодишната Иги, изјави дека украдени се различни видови накит, вклучувајќи и нараквица со дијаманти вредна 70.000 американски долари, златен часовник со дијаманти и дијамантски венчален прстен.
Пејачката во разговорот со полицијата рекла дека била сама во подрумот на изнајмената куќа во Атланта на 15 ноември кога слушнала стапки во трпезаријата на вториот кат.
Иги и Плебои Карти ја пријавиле кражбата на 17ти ноември откако сфатиле дека недостасува торбата во која го чувале целиот свој накит.
Парот им кажал на службениците дека ги прегледале снимките од видео надзорот и виделе дека еден човек влегува на задната врата во 21:51 часот и излегол по 8 минути со торба во раката.
Раперот и кажал на полицијата дека осомничениот носел пиштол и имал црна маска и ракавици.