Ексцентричната пејачка, Кејти Пери, на Твитер се пофали со своите нови трепки – во боите на американското знаме. Кејти ова го направи во чест на Денот на независноста, кој традиционално се прославува на 4 Јули со скара и огномет.
Освен сина и црвена боја, пејачката на трепките додала и бели дијаманти, во целост да го прикаже знамето.
Таа во моментов е во Европа, каде го промовира својот филм „Part of me“.