Топ пет јануарски производи против грип

Од:

Во период на епидемија од грип нутриционистите советуваат телото да се „вооружи“ со витамини, минерали и антиоксиданси. Иако тие не го спречуваат грипот, сепак ќе помогнат за зајакнување на имунитетот и полесно да се изборите со зголемената температура.

За да се зголеми отпорноста на организамот, важно е во секојдневната исхрана да се вклучат сезонски производи.

Морков – Богат е со бета каротен, кој во телото се претвора во витамин А. Витаминот А е еден од клучните регулатори на имунитетот.

Магдонос – Тоа е зачинска билка која најмногу се користи при подготовка на вкусни зимски чорби. Богат е со витамин Ц и калиум и има поголема нутритивна вредност од морковот. Освен за заштита од грип, магдоносот ја стимулира работата на бубрезите и црниот дроб, а го чисти и организмот од токсини.

Мандарина – Само една мандарина може значително да ја зголеми енергијата, бидејќи содржи повеќе од 60 отсто дневни потреби на човечкиот организам од витамин Ц. Најдобро е да се јадат рано наутро.

Кељ – Тое е одличен извор на витаминот К, кој е потребен за задрави коски. Исто така, докажано е дека витаминот К го штити организмот од деменција, вклучувајќи ја и Алцхајмеровата болест.

Грејпфрут – Освен со витамин Ц, богат е и со влакна кои даваат чувство на ситост. Ова овошје го намалува нивото на маснотии во крвта и се смета за оличен сојузник во борбата против вишокот калории. Истражувањата покажале дека грејпфрутот може да го зајакне дејството на некои лекови.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов