Том Круз: Не очекував дека ќе морам да се разведам

Од:

Том Криз првпат прозборе за својот развод од поранешната сопруга Кејти Холмс и призна дека тоа не го очекувал.

Во својот прв коментар за разводот минатата година, глумецот рече дека животот го сфаќа како предизвик.

– Кога имате 50 години мислите дека се е во ред, дека се држите под контрола, и тогаш одеднаш ќе ве погоди такво нешто. Сето тоа е живот, рече Круз.

Круз и Холмс се разведоа само пет дена пред неговиот 50. роденден, минатата година.

Славниот актер вели дека сето тоа го поттикнало многу да размислува за својот живот.

Двојката, речиси веднаш по првата вест за разводот, постигна договор во врска со имотот и грижата за шестгодишната ќерка Сури.

Примарното старателство над девојчето и припадна на Кејти, но Том исто така доби целосно право да учествува во нејзиното одгледување и да минува време со неа кога и да посака.

Ниту еден од нив двајца никогаш јавно не соопшти која е вистинската причина за разводот. Она што е познато се гласините дека Кејти веќе не се чувствувала среќна во тој брак, бидејќи над семејството контролата ја имала Сајентолошката црква, на која Том и припаѓа.

На крај, за германски ПроЗибен, Том рече дека работата му помогнала да го преброди болниот развод.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска