Том Круз личи на мало дете

Од:

Елен Берлин, менаџерката на Том Круз од 1980-1983 година по долги години молк, откри зошто животот му се врти постојано наопаку и тој се престори во еден од најзгодните, но и најнепосакувани маж кому му пропаднаа три брака.

Таа станала неговата втора мајка и ментор и е еден од ретките аутсајдери со кого Том Круз никогаш бил близок. Како негов поранешен личен менаџер, Елен Берлин вели дека знаела од самиот почеток оти врската на Том со Кејти Холмс е осудена на пропаст.

За првпат таа го прекрши молкот за својот клиент по долги години и за причината поради која на најлпатениот актер во моментот му пропаднаа 3 брака досега, го посочи неговиот затворен гнев од детството.

Како дете Том страдал од дислексија, бил малтретиран од неговите врсници и многу често бил тепан. Неговиот татко во најважниот дел од животот на малиот Том не бил присутен. Тој го напуштил тоа семејство .

На 15 години Том се запишал на Богословија, со намера да стане свештеник.

Менаџерката Берлин, сега веќе 77-годишна го запознала Круз три години подоцна, откако почнала да бара таленти за својата продукциска куќа и паднало во очи ова младо гневно момче.

„Мајка му го избркала од нивниот дом затоа што тој имал проблеми со пиењето. Тој не можел да се соочи со гневот и незадоволството што татко му го напуштил него и неговите три сестри“, откри менаџерката, и додаде „јас секогаш додека соработувавме го гледав со девојки, но никогаш не го видов двапати со иста“. Според неа, тој сакач да покаже дека е баран или пак да се почувствува дека е сакан, па затоа така се однесувал.

Тој уште тогаш се шетал наоколу однесувајќи се како да е ѕвезда, сакал да го третираат како ѕвезда и велел дека е тоа.

Таа лично му ја дала поканата да оди во саентолошката црква и тој тоа го прифатил. Не дека поверувал, туку само ја искористил помошта што ова институција му ја понудила.

Сепак таа вели дека црквата не успеала да го совлада гневот на Том – „Светот во него гледа како згоден маж во вредност од милиони долари, но јас се уште не. Јс гледам само едно мало збеснато дете. Воопшто не се изненадив што Кејти му побара развод. Повеќе ме изненадив кога тој првпат се ожени со Мими Роџерс, подоцна со Никол Кидман и на крајот со неа“.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска