Најплатениот актер во светот, Том Круз конечно се насмеа , благодарение на Конор, неговиот син кој успеа да извлече насмевка од татко си.
Ова е првпат Том да биде фатен среќен, откако неговата сопруга Кејти Холмс, пред две недели му побара развод.
Додека Том напорно работи на снимањето на неговиот најнов филм, Конор (16) напорно се труди да извлече насмевка од татко си што во овој период е речиси е невозможно да се направи.
Конор е посвоениот син на Том и Никол Кидман, уште кога беше бебе. Во моментите кога целиот свет се сврте против славниот саентолог, син му остана на негова страна.