Холивудската ѕвезда Том Харди и неговата сопруга Шарлот Рајли добија син и според неименувани извори, го крстиле по култниот филмски лик Форест Гамп, што во истоимениот оскаровски филм го овековечи Том Хенкс.
– Двојката е „на седмо небо“ поради проширувањето на семејството. Пријателите коментираат дека бебето многу личи на Том, изјави изворот за „Њу Зиланд Хералд“.
Холивудскиот актер засега не ги коментира овие наводи.