Пејачката Танерел на БЕТ наградите завчера се појави без градник и со длабоко деколте, што кај многумина предизвика бурни реакции, па и згрозување поради „неприфатливиот облик“ на нејзините природни гради.
На негативните интернет-коментари, пејачката возврати прилично жестоко, објавувајќи две слики од настанот.
To all the negative comments about today’s look, I don’t need to lift my breast to wear a fucking dress. I’m a woman and my natural tits hang and I fucking love it and I have no intention of changing it to suit your gaze. I’m out here living my dreams focus on better things. pic.twitter.com/dGNFnKndro
— Tanerélle (@tanerelle) June 24, 2019
– За сите негативни коментари околу мојот изглед… Не ми треба да ги подигнам градите за да носам еб*н фустан. Јас сум жена, моите природни ц**ки висат и јас ги обожавам. И, немам намера да го променам тоа за да одговара на вашите погледи. Јас сум тука, си ги живеам сништата и мислам на поважни нешта, напиша Танерел на Твитер.