Актерката Шерон Стоун покажа зошто важи за една од најфаталните жени во светот и во седмата деценија.
Шарон на својот Инстаграм профил објави фотографија во црно трико, на која се истакнува нејзината витка фигура, а на која можат да и позавидат многу помлади жени.
Актерката сè уште изгледа одлично иако е во седмата деценија, па не е ни чудо што таа, покрај многу помлади жени, ја ангажираат да рекламира облека.
Имено, таа напиша дека е зачудена, но и благодарна што се занимава со манекенство и на 62 години, а сите се согласуваат дека целокупниот впечаток не е заради облеката, туку заради актерката, која би и ’изгледала одлично дури и ако облече вреќа.