Американската убавица, Тајра Бенкс му припаѓа на златното време на топ моделите од 90-тите, а во слободно време се уште ја промовира природната убавина.
90-тите беа нејзини. Нема писта по која не се прошетала, едиторијал или насловна страна на која не била. Се појави во многу музички спотови, неколку филмови и серии.
Најпознатиот филм секако беше Coyote Ugly, а од сериите може да се издвојат The Fresh Prince of Bel-Air, Glee и Gossip Girl.
Тајра и денеска е позната ТВ личност, а нејзината водителска и продуцентска кариера започна во 2003-та година кога започна да се емитува популарното шоу „America’s Next Top Model“ кое траеше повеќе од 20 сезони.
Поранешниот топ модел приватно го сака природниот изглед, а на фотографијата на која таа јаде и пие пиво, тешко е да се поверува дека тоа е навистина Тајра.