Свадба на ѕвездите од Game of Thrones

Од:

Ѕвездите од серијата Game of Thrones, Кит Харингтон и Роуз Лесли вчера се венчаа во Абердиншир, североисточна Шкотска.

Венчавката беше во црквата Рејн, во близина на 900 години стариот замок Вордхил, кој е во сопственост на семејството Лесли.

Харингтон (31) и Лесли (31) се запознаа во 2012 година на снимање на серијата Game of Thrones, каде ја играа двојката Џон Сноу и Игрит.

Лесли две години подоцна замина од серијата и сега игра во американската драма „The Good Fight“.

Помеѓу гостите на свадбата беа и други актери од „Игра на тронови“ – Питер Динклиџ, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер и Емилија Кларк.

Би можело да ве интересира

„House of the Dragon“ се враќа следната година, а ќе се чека на втората сезона на „The Last of Us“

Предраг Петровиќ

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска