Ѕвездите од серијата Game of Thrones, Кит Харингтон и Роуз Лесли вчера се венчаа во Абердиншир, североисточна Шкотска.
Венчавката беше во црквата Рејн, во близина на 900 години стариот замок Вордхил, кој е во сопственост на семејството Лесли.
Харингтон (31) и Лесли (31) се запознаа во 2012 година на снимање на серијата Game of Thrones, каде ја играа двојката Џон Сноу и Игрит.
Лесли две години подоцна замина од серијата и сега игра во американската драма „The Good Fight“.
Помеѓу гостите на свадбата беа и други актери од „Игра на тронови“ – Питер Динклиџ, Мејси Вилијамс, Софи Тарнер и Емилија Кларк.