Американскиот пејач Стиви Вондер поднесе барање за развод од модната дизјанерка Кај Милард Морис, со која е во брак 11 години.
Портпаролот на 62-годишниот Вондерс изјави дека барањето за развод е доставено до Врховниот суд во Лос Анџелес и дека популарниот пејач сака целата постапка да мине мирно и без да бидат вознемирувани Морис и нивните две деца.
Причините за разводот не се соопштени. Вондер и Морис се венчаа во 2001 година.