Членката на групата „Spice Girls“, пејачката Ема Бантон, позната како Бејби спајс, раскажа анегдота кога случајно испратила слика од своите гради на погрешен број.
Имено, славната „Спајсица“ додека била на летна турнеја со бендот сакала да испрати експлицитна фотографија на своето момче, Џејд Џонс, но наместо на него ја испратила на својата мајка.
Иако мислела дека работата ќе биде многу лоша, нејзината мајка само се пошегувала во врска со ситуацијата, со оглед на тоа дека нив две имаат пријателски однос.
– Јас и моето момче бевме раздвоени неколку дена, но бевме многу заљубени, па одлучив „безобразна“ порака, раскажува Ема.
– Направив селфи од моите гради. Имав градник, но беше малку провокативно селфи. По фотографијата, напишав „ми недостигаш“ и „те посакувам“. И сето тоа го пратив на мајка ми… Таа има одлична смисла за хумор, но јас бев во шок, кажа Ема.
Врската со Џонс ја започнала во 1998-ма година и по неколку раскинувања тие објавија веридба во 2011 година. Имаат два сина.