Во биографијата за Мик Џегер, фронтменот на „Стоунси“, „The Wild Life and Mad Genius of Jagger“, напишана од Крис Андерсен, пишува дека рок легендата спиела со 4.000 жени.
Биографијата на Андерсен, не е авторизирана од Џегер. Во неа, покрај бројката за жените, авторот вели и дека Мик, освен што бил привлечен за жените, имал односи и со мажи, а како негов љубовник го посочува Дејвид Боуви.
Многу или малку жени, бројката на Мик не е ништо во споредба со Ворен Бити, кој спиел со 13.000, а пак кошаркарот Вајлд Чембрлен успеал да „заспие“ со 20.000 жени.