Американскиот рапер Снуп Дог по одморот во Јамајка, одлучи да си го промени името во Снуп Лајон.
Неговото вистинско име е Клавин Бродо, а најновата промена се должи на откривањето на раперовата растафаријанска природа што ја дознал дека ја има токму на Јамајка.
И тоа не се. Од оваа негова „реинкарнација“ на егзотичниот остров доаѓа и најновиот албум, симболично насловен „Reincarnated” кој е целосно во реге стил.
„Рапот веќе не е за мене, ги добив сите можни награди со рапот. Ме викаат „чичко Снуп“ во светот на рапот, а штом станеш чичко, време е да промениш нешто. Јас сакам да бидам повторно дете“, изјави Снуп.