Претпоставките дека бракот им е во криза, ги потврдија и холивудскиот актер Џони Деп и неговата сопруга Ванеса Паради.
„Џони Деп и Ванеса Паради се разделија во пријателски односи. Ве молиме да се почитува нивната приватност, а што е уште поважно приватноста на нивните деца“, се наведува во соопштениеото кое славната двојка го достави до медиумите.
Џони и Ванеса се во врска од 1998. година. Имаат две деца, 12-годишната Лили-Роуз и 9-годишниот Џек.