Скентологија – религијата која ги „полуде“ славните и ги „разведе“ Том и Кејт

Од:

Скентологијата, која како религија е призната само во САД, потекнува од педесетите години на минатиот век и ја осмислил писателот на научна фантастика Л.Рон Хубарт, кој основал и своја црква и самиот ја прогласил за религија.

Оваа религија која ги полуде славните се води според следните начела: човекот е бесмртно духовно суштество, човековите искуства достигнуваат многу подалеку од еден животен век, неговите способности се неограничени иако човекот за тоа не е свесен. Човекот според скентологијата во основа е добар и тежнее кон опстанок.

Во своите книги под заеднички наслов „Дијанетика“ Хубарт тврдел како луѓето се бесмртни суштества кои ја забораваат својата вистинска природа и дека само со помош на духовна рехабилитација можат да се сетат на своето минато и да се ослободат од ограничувањата кои си ги наметнуваат самите на себе. Во медиумите најмногу прашина се крена околу нивното учење според кое луѓето се инкарнација на суштества од други планети, а за следбениците да ги опфатат сите нивни учења потребно било да издвојат илјадници долари.

Оваа религија уште е критикувана дека користи присилни методи на продажба на своите книги, со што изнудуваат голема сума на пари од своите приврзаници.

Но и покрај сите ови критики за скентологијата, не ова движење не му „одолеаа“ голем број на славни личности како што се: Том Крус, Џон Траволта, Вил Смит и Џада Пинкет Смит, Кристи Али, Оливер Стоун и многу други.Актерот Том Круз кој се наоѓа во вртлок на развод со Кејти Холмс, како најголема причина се наведува токму неговата оддаденост на скентологијата, со која пак го „запозна“ неговата прва сопруга Мими Роџерс.

Неговата до скоро актуелна сопруга Кејти Холмс според тврдењата на светските медиуми одлучила да излезе од бракот со Круз, за да се спаси себе и нивната ќерка Сури од „пеколот на оваа религија„. Се тврди дека Том сакал да ја испрати нивната ќерка во ригорозен скентолошки камп, кој Кејти не го одобрувала.

Многу сметаат како глумецот Џон Траволта поради скентолошки уверувања не сакал на својот 16 годишен аутистичен син да му овозможи соодветна медицинска помош поради што тој починал.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска