Сите големи љубови на Џони Деп

Од:

По еден пропаднат брак, четири веридби и 14-годишна врска со Ванеса Паради, големиот заводник Џони Деп, повторно сам.

Лори Алисон

По неколку месеци живеење во Лос Анѓелес, заедно со членовите на бендот „The Kids“, Џони Деп се ожени со шминкерката Лори Алисон.  20-годишниот актер само што ја започна кариерата и во својот живот повеќе немаше место за Лори.

 

Шерилин Фен

Деп ја запозна Фен на сетот на студентскиот филм  „Dummies“. Двојката на брзина се вери. По раскинувањето, Шерилин доби улога во култната серија „Tvin Piks“ 1990. година.

 

Џенифер Греј

По успешната улога во филмот „Dirty Dancing“, Џенифер Греј кратко време беше верена за Џони. Малку се знае за оваа врска, но се чини дека заврши во оној момент кога Деп ја сретна својата следна голема љубов.

 

Винона Рајдер

Деп ја запозна Винона на премиерата на филмот „Great balls of fire“ во јуни 1989. Двојката набрзо стана нераздвојна. Во тоа време, актерот за списанието „People“ изјави „За своите 27 години живот, никогаш не сум почувствувал нешто што може да се спореди со чувствата кон Винона“.

Двојката се вери пет месеци по првиот состанок, набрзо потоа заедно го снимија филмот „Edward Scissorhands“.

Три години подоцна оваа врска заврши. Деп својата тетоважа „Винона засекогаш“ ја смени со „Вино засекогаш“

 

Елен Баркин

Деп кратко се забавуваше со 9 години постарата Елен. За тоа време во јавноста беа забележувани само на филмските премиери.

 

Кејт Мос

Џони ја запозна Кејт Мос во бистро на Менхетен. За време на 4-годишната врска, во јавноста можеа да се видат како жестоко се расправаат или како страсно се бакнуваат.

Во септември 1994. година Деп е уапсен, откако уништи хотелска соба, наводно, во расправија со Кејт.

 

Ванеса Паради

Францускиот модел и пејачка, Ванеса Паради, му падна во очи на Џони Деп, за време на снимањето на филмот „The ninth gate“.

Деп тогаш и изјави на Опра Винфри – Одеше кон мене и во тој момент знаев.

Неколку месеци подоцна, двојката се пресели во вила во Франција. Џони и Ванеса имаат две деца, но никогаш не беа во официјален брак.

 

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска