Синот на Сталоне починал од срцев удар

Од:

Синот на холивудскиот актер Силвестер Сталоне, 36-годишниот Сејџ, кој во јули беше пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, починал од срцев удар, соопшти канцеларијата на судска медицина, истакнувајќи дека во неговиот организам немало траги од дроги.

Сејџ Сталоне беше пронајден мртов во неговата куќа на 13-ти јули, а близу неговото тело беа најдени лекови што ги поттикна шпекулациите за причините за неговата смрт.

Според податоците на службата за судска медицина на округот Лос Анџелес, младиот актер кој ги толкуваше ликовите на Роки Балбоа Џуниор во филмот „Rocky V” од 1990 година, починал поради коронарна атеросклероза, срцева болест која настанува во артериите.

Станува збор за природна смрт, се истакнува во соопштението за јавноста, во кое со додава дека не е најдена никаква дрога во организмот на синот на славниот актер , како и дека биле откриени траги од лекови против болки.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска