Еден од најшокантните разводи оваа година несомнено беше оној на пеачот Сил и Хајди Клум, а конечно пристигна и одговорот зошто.
Црниот пеач откри дека неговата сопруга и модел – Хајди го изневерувала со телохранителот Мартин Кристен.
„Јас би сакал Хајди да покажеше малку повеќе стил и почит и да почекаше барем да заврши разводот пред да почне да се зближува со вработените. Еве сега го имате одговорот на прашањето што го поставувавте пред седум месеци“, изјави пеачот.
Неверството на Хајди е голем шок за сите, бидејќи до сега се мислеше дека пеачот е тој, големиот заводник и неверен сопруг, главниот виновник за крајот на нивниот брак.