Што ќе работи Мајкл Фелпс по завршувањето на кариерата?

Од:

Ќе патува по светот и ќе ја усовршува голф играта – Со ветување дека нема да се здебели како по Игрите во Пекинг, најдобриот светски олимпиец најави некои активности со кои ќе се бави, но нема да го напушти спортот.

Откако го заврши олимпискиот настап, обезбедувајќи место во историјата на Олимписките игри, американскиот пливач Мајкл Фелпс (27) почна да размислува за иднината.

– Не сакам повеќе да се доведам во лоша телесна состојба, како што бев во 2009 година – изјави најдобриот олимписки пливач. – Тогаш во шест месеци по Олимпијадата во Пекинг, се здебелив 12 килограми. Сега ќе се обидам да ја одржам телесната тежина – вели Фелпс кој на пливачките натпревари во Лондон освои нови шест медали, од кои четири златни и се наоѓа на највисоката скала на најуспешните олимпијци кој убедливо води со 18 златни и 22 олимписки медали вкупно.

– Се уште официјално не сум во пензија. Но, набрзо ќе потпишам формулари и ќе станам официјално пензионер – се шегуваше со американските новинари, додавајќи дека пред себе има уште две цели: Сакам да патувам низ светот и сакам да научам да играм голф како што треба. Ако некогаш повторно пливам, ќе се ладам во плитко.

– Ретко имав прилики до сега, но кога одев на одмор воопшто не ми се влегуваше во океан. Од вода ми беше преку глава. Натпреварувачкиот дел од мојата кариера е завршен. Но, тоа не значи дека ќе се откажам од спортот. Овој спорт многу ми пружи. Го сакам пливањето и ќе продолжам со целта која си ја поставив. Ќе го доведам пливањето на едно сосема друго ниво. Мојот спорт не влијаеше врз траењето на мојата кариера како што се надевав. Но, никогаш не е доцна.

Идното лето Фелпс сака да оди на Светското првенство во водени спортови во Барселона, а на својата мајка веќе ветил дека во 2016 година ќе ја води на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, како туристи, гледачи.

– Три пати ви повторувам, нема да се натпреварувам, нема да се натпреварувам и нема да се натпреварувам.

Новата пријателка Меган Роше

На еден спонзорски настан во Лондон најдобриот олимпиец пристигнал во понеделникот заедно со убавата 25 годишна пријателка Меган Роше. Оваа русокоса убавица заработува за живот како келнерка во коктел-бар и како фотомодел. Со американскиот пливач е во врска последните месеци. Нејзините љубовни пораки се наоѓаа меѓу милиони твитови со кои фановите го поздравуваа Фелпс, додека траеа пливачките олимписки натпревари.

– Знам дека ова најверојатно ќе се претопи меѓу илјадниците твои твитови, но бидејќи не можам да ти пратам СМС, знај дека ми недостасуваш и дека едвај чекам да се видиме, во прегратки и бакнежи – му порача романтичната Американка на своето момче.

Сега се заедно во Лондон. Можеби сега Фелпс нашол слободно време и за љубов.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска