Што јадат светските лидери?

Од:

Оваа недела во Париз се собраа 27 готвачи на светските лидери, претседатели, премиери и монарси за да си разменат рецепти за готвење и некои кулинарски и дипломатски тајни.

Од состанокот излегоа информации поврзани со некои од најмоќните луѓе на планетата и нивните „обичаи“ поврзани со храната.

На пример, поради страв од труење, рускиот претседател Владимир Путин се уште ја задржал традицијата на средновековните цареви, одредени луѓе да го пробаат она што тој ќе го јаде, пред секој оброк, додека примероци од храната подготвена за него постојано се носи на анализа.

„Дегустатори уште постојат само во Кремљ. Таму специјални служби го проверуваат секое јадење заедно со готвачот“, изјави Жил Брагар, поранешен шеф на кујната, кој пред 30 години ја основа и оваа организација.

Порано американскиот претседател, Џорџ Буш имал ваква „навика“. Пред тој да седне да јаде, неговата храна ја пробувале агентите на ФБИ.

„Безбедносна проверка задолжително на секоја храна пред јадење“, како што откри Брагар „практикуваше и Џорџ Буш, кој кога патуваше во Лондон, се што требаше да јаде, мораше претходно да биде дегустирано од двајца агенти на ФБИ“.

Американските лидери особено се сомневаат во храната што нема американско потекло. Хилари Клинтон, да речеме, го отпушти францускиот готвач од Белата куќа затоа што неговите јадења биле премногу „зачинети“.

Сегашниот претседател на Америка, Барак Обама и неговото семејство,како што откри Кристела Комфорд, готвач во Белата куќа, сакаат ногу овошје и зеленчук, со исклучок на цвеклото. Обама не сакал да види цвекло.

Германската канцеларка Ангела Меркел многу сакала сирење, исто како и сегашниот француски претседател Франсоа Оланд, додека пак неговиот претходник, Саркози, антиалкохоличар и фанатик за здрава исхрана, го исфрлил сирењето од Елисејската палата, но затоа бил таен обожавател на чоколадите.

„Шефоовите над шефовите“ се многу горди на својата професија, цврсто верувајќи дека нивната улога е многу важна во светот на дипломатијата.

 

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

СДСМ: Поевтинуваат над 500 производи од 25 категории, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Инфлацијата на храната ќе биде пет отсто до крајот на годината, тоа ви го ветувам

Орце Костов