Актерката Шерон Стоун (62), можеби е најпрепознатлива по сцената во култниот филм „Ниски страсти’, во која додека полицајци ја испитуваат, заводливо ги вкрстува нозете. Познатата сцена од 1992 година, ја повтори оваа седмица.
Шерон ја доби наградата GQ Woman of the Year во Берлин и по 27 години, седна на сценско столче за да одржи говор пред публиката во која беше вклучен и нејзиниот 19-годишен син Роан Бронстин.
„Пред многу години седнав на сцената. Режисерот тогаш ми рече да ги соблечам гаќичките бидејќи се гледаа и дека не треба да ги носам во таа сцена. Јас одговорив – Секако!„, рече Шерон.
Немав идеја дека тоа е момент што ќе ми го смени животот “, додаде таа за улогата што и донесе светска слава.