Шерон Стоун: Путин го почитувам, Трамп го презирам

Од:

Холивудската ѕвезда Шерон Стоун во Берлин ја доби наградата „Жена на годината“ која jа доделува германскиот магазин „Џо-кју“.
Во интервју за магазинот таа изрази почитување кон рускиот претседател Владимир Путин и презир кон американскиот претседател Доналд Трамп.
Таа укажа на разликите кои постојат помеѓу двајцата претседатели.

Смета дека Путин е силен лидер на свој начин, додавајќи дека не би сакала да биде нејзин претседател, но сепак не и пречи начинот на кој ја води Русија.

Актерката кажа дека од нејзина точка на гледање, Трамп и Путин многу се разликуваат. Додека со претедателот на САД манипулираат претседатели на други држави, Путин ја води Русија според неа, кон она што е интерес.

Според Шерон Стоун, Трамп и понатаму сака да биде поинаков претседател и сосема е непримерно претседателот на САД да биде под истрага затоа што го изманипулирала друга голема светска сила.

Таа изјави дека не верува во нов мандат на Трамп, со забелешка дека идејата на САД е сите луѓе да се еднакви што не се совпаѓа со денешната политика на Трамп.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска