Во интервјуто кое вчера го даде за весникот „Лас Вегас ривју“ американската пејачка Шерил Кроу изјави дека и е откриен тумор на мозокот.
Ѕвездата рече дека станува збор за бенигнен тумор и дека нема причина за загриженост.
Симптомите ги забележала кога почнала да ги заборава зборовите на своите песни за време на настапите, но не ја знаела причината.
„Толку се исплашив дека го губам помнењето што отидов да ја снимив главата на магнетна резонанца. И открив дека имам тумор на мозокот“, објасни 50-годишната пејачка.
Таа пред шест години успешно го преброди ракот на дојката.
Шерил Кроу во текот на кариерата освои шест Греми, а најпозната е по хитовите „All I wanna do“, „If it makes you happy“ и „Soak up the sun“.
Повеќе од 35 милиони нејзини албуми се продадени ширум светот.