Шакира во депресија поради гласните жици, Пике ја запознал и мрачната страна на пејачката

Од:

Згодната 43-годишна колумбиска ѕвезда, Шакира, подолг времески период беше отсутна од јавноста поради болест.

Имено пред неколку дена во интервју за „The Guardian“ пејачката откри дека поминала низ многу тежок период во животот, а дури и се помирила со фактот дека никогаш нема повеќе да пее.

Освен што гласните жици и крвавеле, таа имала и потешкотии при говорот.

– Отсекогаш бев свесна дека во мојот живот ќе се случат работи кои ќе морам да ги изгубам, како убавината и младоста, но никогаш не помислував дека гласот ќе ме напушти. Мојот глас е мој идентитет. За мене беше неподносливо што не можам да пеам. Таквата состојба ме доведе до депресија. Имаше денови кога не можев да станам од кревет, рече Шакира.

Шакира, која во Барселона живее со сопругот Жерар и со синовите Милан и Саша, не крие дека поради депресијата страдал и нејзиниот семеен живот

Во изминатиот период се шпекулираше дека познатата двојка е пред развод, меѓутоа тоа е комплетно неточно. Тоа што е единствено вистина во целата приказна е дека Шакира успеала да се издигне и со јака волја и амбиција да ги излечи гласните жици.

Гласот и се вратил без медицинска интервенција што ја предлагале докторите, а која Шакира категорично ја одбивала.

Во февруари наредната година светот ќе има прилика да слушне повторно како пее Шакира, затоа што заедно со Џенифер Лопез ќе бидат дел од шоуто на полувремето на „Super Bowl”.

Би можело да ве интересира

Анџелина Џоли и Бред Пит повторно во добри односи

Ана Ололовска

Бекинсејл: Излегувам со помлади момчиња за да ве нервирам

Ана Ололовска

Отфрлена жалбата против пресудата за случајот на Џефри Раш

Ана Ололовска

Адам Севиџ обвинет за силување на својата сестра

Ана Ололовска

Алиса Милано „на тапет“ поради шега со црнечко лице

Ана Ололовска

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Ана Ололовска