Шакира и Пике ќе станат родители

Од:

35-годишната колумбиска пејачка потврди дека таа и шпанскиот фудбалер Пике, очекуваат дете. Веста, Шакира ја сподели со обожавателите на својата официјална страна, но и на друштвените мрежи.

„Како што, некои од вас веќе знаат, Герард и јас сме многу среќни и возбудени поради доаѓањето на нашето прво дете. Одлучивме на тој прекрасен момент да му дадеме приоритет, поради тоа ќе ги одложиме промотивните активности кои ги планиравме.

– Тоа значи дека нема да можам да бидам дел од  iHeartRadio Music Festival, но сигурна сум дека овој викенд во Лас Вегас ќе биде спектакуларно. Би закала да им заблагодарам на фановите за постојаната љубов и разбирање. Голем бакнеж и ќе се видиме набрзо“, напиша Шакира на својата официјална страна.

Шакира и Пике се две години во врска, а неодамна во Барселона купија вила.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска