Познатата колумбиска пеачка Шакира е трудна. Странските медиуми денеска ја пренесуваат веста како Шакира е во вториот месец од бременоста.
Со нејзиниот партнер фудбалеорот Жерард Пике деновиве била забележана како бара куќа во Барцелона, каде среќниот пар и нивната принова би можеле да се вселат.
Веста прв ја објави мексиканскиот портал TVNotas, а според нивните информации пеачката своето прво дете на свет би требала да го донесе кон крајот на годината. Иако неодамна се пишуваше како Жерард и Шакира не се повеќе заедно, гласините по се изгледа не биле вистинити.