Најпознатите старлети на светот, сестрите Кардашијан-Џенер, годинава немаа голема божиќна забава, но и за време на пандемијата го прославија овој празник во стил.
Славните сестри го прославија Бадник дома со своето семејство, а по тој повод, секоја од нив објави фотографии од својот скапоцен стајлинг, новогодишни елки и прекрасни украси во луксузните домови.
Така, овојпат, лидерот на кланот Кардашијан – Ким Кардашијан носеше црн корсет и зелено здолниште со отворен шлиц. Ким, како и секогаш, ги стави своите бујни облини во преден план, а овој пат нејзиниот корсет привлече внимание затоа што не само што го истакна нејзиниот тесен струк, туку имаше и дефинирани стомачни мускули, па се пошегува:
– Конечно имам стомачни, напиша Ким на својата Инстаграм приказна.
Од друга страна, нејзината помлада сестра Кајли Џенер и најмладата милијардерка во светот носеше црвен тесен долг фустан, во кој ги истакна своите атрактивни атрибути.
Третата сестра која ги воодушеви своите фанови беше манекенката и „ангел“ на Викторија Сикрет, Кендал Џенер, која се фотографираше пред новогодишната елка, ставајќи ги своите долги нозе во преден план, бидејќи носеше ултра кратки шорцеви.