Семејно советување ги подобри односите меѓу Бред Пит и Анџелина Џоли

Од:

По бурниот неколкугодишен развод кој заврши лани, Бред Пит и Анџелина Џоли сега се во добри пријателско-родителски односи. Тоа, веројатно, е резултат на „долго семејно советување”,како што открива неименуван извор близок до двојката, за списанието „Пипл“.

Тие двајца имаат шест деца: Медокс (18), Пакс (16) Захара (15), Шајло (14) и близнаците Вивиен и Нокс (12 години).

– Сигурно е тоа дека ним им требаше помош, за да ги решат проблемите околу старателството и како Бред одново може да биде татко. Сега, кога децата се поголеми, тие веќе не претставуваат причина за раздор. Им одзеде многу време, со долга семејна терапија, за да стигнат до таа точка. Бред сака да минува колку што може повеќе време со децата, вели анонимниот пријател.

Клучен миг, според него, бил договорот за старателство.

– Бред и Анџелина изминаа долг пат. За изненадување на многумина од најблиските нивни пријатели, комуникацијата значајно им се подобри и тие двајцата сега се посветени на родителството, додава неименуваниот пријател на поранешниот брачен пар.

Би можело да ве интересира

Камерон Дијаз: Душата ми е мирна откако заминав од Холивуд

А1он

Брајан Кренстон оздравел од коронавирус и донирал плазма

Ана Ололовска

Почина раперот Малик Б.

Ана Ололовска

Меккензи Скот донира 1,7 милијарди долари во хуманитарни цели

Ана Ололовска

Рајан Рејнолдс успеа да и го врати украденото мече на сопственичката

Ана Ололовска

Рајан Рејнолдс нуди 5.000 долари за украдено мече со сентиментална вредност

Ана Ололовска