Поранешниот гитарист и вокалист на рок групата „Флитвуд Мек“, 66-годишниот Боб Велч се самоуби во својот дом во Нешвил, соопшти полицијата. Велч се застрелал вчера во пределот на градите.
Тој оставил и проштална порака.Музичарот, кој имаше успешна соло кариера со хитовите како „Ebony Eyes“ и „Sentimental Lady“, имал и здравствени проблеми, но полицијата не открива од каква природа.
Велч свиреше во „Флитвуд Мек“ од 1971 до 1974 година.