Се разведува Ричард Гир

Од:

Се чини дека во Холивуд разводите на бракови подолги од десет години се се почести, а после најавата за разводот на Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џонс, сега се разведува и нивниот колега Ричард Гир.

Амирканските медиуми пишуваат здека 64-годишниот Ричард Гир и неговата 52 -годишна сопруга Кери Ловел се пред развод.

Извори блиски на двојката на медиумите им открија дека во последно време Ричард и Кери многу се одалечиле, а сега наводно сакаат да тргнат секој по својот пат.

Инаку, двојката во брак е веќе 11 години, а пред тоа седум години беа во врска. Заедно имаат 13-годишен син, Хомер.

Се зборува дека им пресудила разликата во животните стилови, затоа што Ричард живее по правилата на будизмот и сака мирен живот далеку од очите на медиумите, додека Кери ужива во помпи и дружења со други ѕвезди.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска