Актерот Том Круз и актерката Кејти Холмс се разведоа, потврди денес адвокатот на Кејти.
„Ова е лична и приватна работа за Кејти и за нејзината фамилија, а наголема грижа на мојот клиент е нејзината ќерка“, се вели во соопштението на адвокатот.
Том и Кејти заедно ја имаат 6-годишната Сури. Тие се венчаа во 2006-тата година.
Веќе некое време се зборуваше дека нивниот брак е во криза, а на премиерата на филмот „Rock of Ages“ каде глуми Том, Кејти не се појави.
Ова му е трет развод на Том Круз. Тој беше оженет со Мими Роџерс, потоа со Никол Кидман, со која има две посвоени деца, синот Конор и ќерката Изабел.