Се Продава вилата на Елвис Присли на Беверли Хилс

Од:

Вилата на Беверли Хилс, каде своевремено живееше Елвис Присли со неговата сопруга Присила, ставена е на продажба за 12,9 милиони долари.

Како и “Грејсленд”, имотот на Елвис во Мемфис, Тенеси, калифорниската вила со децении е место за аџилак на обожавателите на “кралот” на рокот.

Вилата, која се простира на имот од околу половина хектар, со поглед на Лос Анџелес, има четири спални соби и пет бањи.

Како што соопштува АП, Елвис и Присила ја купиле куќата во 1967 година, а ја продале неколку години подоцна, кога се разведоа.

Пред да се понуди на продажба, вилата се изнајмуваше по цена од 25.000 долари месечно.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска