Пентхаусот на легендарниот Френк Синатра, кој пеачот го купил во 1957 година после разводот со Ава Гарднер се продава за 7,7 милиони долари.
Овој стан во текот на 60-те години од минатиот век бил место на развратни забави, на кои биле присутни бројни политичари, глумци, пеачи и други јавни личности. Забавите биле познати во цел Холивуд, а биле посетувани и од Енди Вархол, Џон Кенеди и Мерлин Монро.
Станот е малку модернизиран, но се уште ги задржал спецификите кои одговараат на луѓе како Синатра и каде можат да се одржуваат забави за големи друштва, вели Џејсон Хабер, агенцискиот брокер, задолжен за продажба на пентхаусот.