Резиденцијата на Палм Бич во Мајами, која некогаш му припаѓаше на најпознатиот гангстер, наскоро ќе се најде на продажба.
Од 1947-ма година кога почина Ал Капоне, резиденцијата ги смени сопствениците неколку пати.
Питер Корсел, моменталниот сопственик на имотот, куќата ја купи за 5.65 милиони долари. Според проценките сега вреди 9.95 милиони долари.
Резиденцијата поседува веранда, соба за рекреација и приватно пристаниште за бродови.
Ал Капоне го купи имотот во 1928-та година, за 40 илјади долари.