Вилата во Мајами, пред која беше убиен модниот дизајнер Џани Версаче повторно се најде на пазарот. Останува прашањето дали историјата на куќата ќе помогне или ќе одмогне во нејзината продажба.
Casa Casuarina, големата резиденција на Џани Версаче која во моментов се користи како бутук хотел се продава за 80 милиони евра.
Сите заинтересирани купувачи мораат да имаат ист вкус како Версаче, бидејќи дизајнерот потрошил милиони на трансформација на ова резиденција во италијанска вила.
Меѓутоа, она што сите вклучени во продажбата ретко го говорат е фактот дека на скалите на куќата 1997 година е убиен Версаче.
Вилата има десет спални соби, а во базенот се наоѓаат плочки од 24 каратно злато.