Се бара нов Стив Џобс

Од:

Телевизиската ѕвезда Симон Ковел и популарниот музичар Вилајем (Will.i.am) ќе ги здружат своите сили во ново несекојдневно телевизиско шоу во кое ќе го бараат новиот Стив Џобс.

Во својот проект тие двајца ќе се обидат да пронајдат технолошки гениј како Стив Џобс, Бил Гејтс или Марк Цукерберг.

„Работиме на проектот „Х фактор“ за технологија“, изјави Вилајем и додаде „Се обидуваме да се поврземе со млади луѓе давајќи им платформа да се изразат, без разлика дали станува збор за наука или математика.“

Ковел стана популарен благодарение на свите улоги во жирито во „Х фактор“, во „Американски идол“ и во ТВ шоуто „Британија има талент“.

Вилајем е мултиталентираниот член на бендот „Black Eyed Peas“ кој се повеќе се посветува на технологијата. Неодамна, тој стана креативен директор за иновации во „Intel“.

Колку нивниот проект ќе успее и ќе го пронајдат новиот гениј, останува да видиме.

Би можело да ве интересира

Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Изречени 50 казни за прекршување на Ковид мерките во резиденцијата на Џонсон

А1он

„Легион плеј“ – нова рачна конзола на „Леново“

Ана Ололовска

Сметководителите ќе исчезнат, ќе бидат заменети со роботи

Ана Ололовска

„Нинтендо“ го претстави новиот „Свич ОЛЕД“

Ана Ололовска

Растурена забава во Скопје на која имало 10 малолетници

Катерина Ѓуровски