Скопје четврти на топ десет листата главни градови во Европа за најдобри ергенски и момински забави

Од:

Скопје се најде во друштво со Лондон, Прага и Берлин, како еден од топ-10 листата европски главни градови коишто нудат најдобри ергенски и момински забави.

Македонскиот главен град е четврти на топ-листата, веднаш зад Лондон (Велика Британија), Прага (Чешка) и Софија (Бугарија). Британската престолнина има и најдобро оценет ноќен живот, но Скопје има трипати поевтино сместување – а најевтино и најприфатливо од сите 10 наведени градови.

– Изненадувачки е да се најдат места како Скопје, Тирана и Сараево кои нудат добар баланс на висококвалитетен ноќен живот и прифатливо сместување. Исто така, други скриени „скапоцени камења“ вон „разгазената патека“, се Вилнус, Рига и Кишињев, вели аналитичарот Мајкл Слот.

Новото истражување на „Slot.Day“ го проучува квалитетот на ноќниот живот и трошоците за сместување во сите европски метрополи. Споредбата се сосредоточува на бројот на високо оценети објекти за ноќен живот во секоја престолнина наведени на „Трипедвајзор“ (TripAdvisor), особено на оние што добиле четири ѕвезди и повеќе, од пет, а предвид се зема и цената на сместувањето.

– Свадбите може да бидат скапи, па затоа е клучно да се најде прифатливо место за уживање на вашиот ерген, т.е. вашата мома, без да мора да правите компромиси за забавата и квалитетот на одморот, што значи дека овие „откритија“ нудат фантастичен увид за сите парови кои сакаат „да избегаат“ некаде со своите пријатели и роднини пред „големиот ден“, додаде Слот.

Зад Скопје, на списокот се наоѓаат: Тирана (Албанија), Букурешт (Романија), Белград (Србија), Варшава (Полска), Берлин (Германија) и Сараево (Босна и Херцеговина).

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Анита Петровска Рајковиќ

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак