Комшија чува кокошки во зграда во Скопје, не знаат каде да пријават – законот јасен, ни маче и куче не смее да се чува на тераса

Од:

Жителка на една скопска населба бара помош на социјалните мрежи. Соседот под нејзиниот прозор чува кокошки. Бара помош каде да се обрати бидејќи од општина Гази Баба, каде вели се јавила и кажале дека не се надлежни.

„ Каде да пријавам, во која инспекција. Комшијата под прозор ми чува кокошки и петли кои деноноќно кукурикаат. Прозор не можам да отворам, децата немаат раат, не можат да спијат. Ова е хорор.“, вели скопјанката на социјалните мрежи.

Во коментарите може да се прочита дека случајот со оваа скопјанка не е единствен.

„ Ми смета тоа што не им се чисти кокошарникот. Замисли ти летно време тоа колку смрди, не можам прозор да си отворам соба да излуфтирам.„ се вели во еден од коментарите.

Иако скопјанката вели дека од нејзината општинска инспекција и кажале дека немаат надлежност, правилата за живот во урбни средини се прецизно уредени согласно законот за комунална дејност и одлуките на градовите кои се носат во согласност со него.

Во одлуката за комунален ред на градот Скопје децидно стои:

На подрачјето на градот Скопје се забранува чување, терање, напасување и хранење на животни и живина.

По исклучок од одредбата на овој член, општините во градот Скопје можат, со свој акт, да определат делови од своето подрачје (населби со објекти за индивидуално домување или надвор од урбаниот дел), во кои можат да се чуваат одредени видови на животни и живина (копитари, чапункари, зајци, гулаби, пчели, риби и сл.), како и да ги определат условите за нивно чување.

Согласно одлуката, дури и во некои Општини кои не се урбани и каде е дозволено чување живина, правилата како тоа се прави се јасни. Пропишано е и дека нивните живеалишта мора да се редовно чистени и одржувани, а секое животно мора да биде пријавено.

Жители на Скопје се жалат и на соседи кои во дворовите на зградите или терасите ги чуваат домашните миленици. Одлуките за комунален ред пропишуваат и како сопствениците треба да ги чуваат домашните миленици.

Домашните миленици мора да се чуваат на начин да не го попречуваат утврдениот куќен ред и мирот и сигурноста на граѓаните. Се забранува чување и држење на куче или мачка на балкон, тераса или лоѓија што припаѓаат на станот, без непосредно присуство и надзор на нивниот сопственик, се вели во одлуката.

Правилата одат дотаму што предвидувааат и домашен миленик да може да се внесе во лифт само доколку истиот е празен.

По исклучок, во колективна станбена зграда, домашните миленици можат да се држат и чуваат во заеднички простории (перални, простории за сужење на алишта, простории за сместување на опрема за тековно одржување на зградата и сл.), само по претхода согласност на сопствениците на становите и посебните делови на зградата, согласно прописите за домување.

За чување и хранење на домашни миленици и животни скитници во заеднички двор на колективен станбен објект, сопствениците на домашни миленици, односно лицата што ја презеле грижата за нивно чување и хранење, мора да имаат писмена согласност на мнозинството сопственици и корисници на дворот, односно соодветна одлука на заедницата на сопственици на посебни делови на зградата, во согласност со прописите за домување.

Сопствениците на домашни миленици, односно лицата што ја презеле грижата за чување и хранење на бездомни кучиња и мачки во заеднички двор на колективен станбен објект се должни да го запазуваат стандардот за одржување на чистотата, да го отстрануваат фецесот од дворната површина и да се грижат за почитување на прописите за јавниот ред и мир и за домување.

Дури и да сте сопственик на дворот мора да ги почитувате правилата како го чувате кучето, доколку домот ви е во урбана средина. Куче кое се чува во двор, се чува во посебен објект. Објектот за чување на куче мора да биде оддалечен најмалку 3 метри од најблискиот станбен или деловен објект на соседната парцела и од регулационата линија на јавната површина.

Ако кучето се чува во двор, дворот мора да биде ограден и на видливо место да има поставено табла со цртеж и натпис со кој се предупредува на присуство на кучето, а на влезот во дворот мора да има звоно.

За сите овие правила надлежен да ги контролира и спроведува се државните комунални инспектори на Државниот комунален инспекторат, општинските комунални инспектори и комуналните инспектори во општините во градот Скопје и градот Скопје. Државниот комунален инспекторат е орган во состав на Министерството за транспорт и врски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пожар во куќа зад Универзална сала

Катерина Ѓуровски

Се судрија две возила, во сообраќајката повредена е малолетничка од Скопје

Уапсени двајца скопјани затекнати како се дрогираат во стан на дилер од Скопје – уапсен и дилерот

Четири лица нападнале и тешко повредиле скопјанец

А1он

Сообраќајка во Скопје, тешко повреден пешак

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески