Актерката Сандра Булок изјави дека разголените сцени најчесто се смешни, бидејќи воопшто не се интимни.
– Кога зборуваме за работа, а на за реалниот живот, никогаш не се обидувам да бидам секси во разголените сцени. За мене тие се смешни, бидејќи воопшто не се интимни, наведе Булок.
Таа смета дека не изгледа привлечно за време на сексот и поради тоа тврди дека никогаш нема да се снима додека води љубов.
– Секој пат кога ќе се објави некоја домашна порноснимка на некоја ѕвезда, светлото е совршено, а тие се прикажани од најдобар агол. Како е можно тоа, прашува Булок.