Рони Вуд и неговата свршеница Сали Хемфриз ќе се венчаат во мај идната година

Од:

Рони Вуд и неговата 34 години помлада свршеница, телевизиска и театарска продуцентка Сали Хемфриз се при крај со припремите за свадбата која ќе се одржи во Дорчестер во мај идната година, пренесува “Daily Mail”. Свеченоста ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели.

Веста за нивната веридба беше објавена минатиот месец, а тогаш Сали рече дека планира венчавката да биде скромен настан.

Двојката оваа недела беше видена во Лондон како излегува од канцеларија на една од Лондонските служби за венчавки каде што имале состанок со тамошните службеници.

Венчавката со Сали Хемфриз ќе биде сосема поразлична од неговата прва свадба, кога ја озваничи врската со поранешната сопруга Џо. Музичарот тогаш на церемонијата дојде во бел Ролс Ројс, а денот на свадбата Рони го обележа и со земање кокаин.

Се очекува на свадбата да присуствуваат членовите на групата Ролинг Стоунс, Чарли Вуд и Кит Ричардс, кои заедно со Род Стјуарт ќе бидат кум на свадбата.

Рони и Сали минатата недела нарачале бурми од познатиот Тео Фенел. Триесет и едно годишната продуцентка и музичарот се во врска околу седум месеци, а се познаваат дури девет години.

Бракот со поранешната сопруга, педесет и седум годишната Џо официјално е завршен минатата година. Поранешните сопружници го прекинаа заедничкиот живот во 2008 кога гитаристот имал љубовна афера со дваесет и едногодишната келнерката Катја Иванова.

Познати се и неговите врски со бразилскиот модел Ана Aрахо, Никол Сарџент и манекенката Финдлеј.

Денес, Ролинг Стоунси го одржаа првиот од петте концерти во Лондон како дел од педесетгодишнината од постоењето. Ќе настапат два пати во лондонската 02 арена, а потоа тргнуваат на турнеја низ САД.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска