Роналд Фенти: Многу би сакал ќерка ми да се омажи за Крис Браун

Од:

Иако пред три години ја претепа неговата миленичка, таткото на Ријана Роналд Фенти вели дека би бил многу среќен неговата ќерка да се омажи за Крис Браун.

Во интервју за магазинот „Лајф енд стајл“ Фенти рекол дека целото семејство на Ријана го обожува Крис и дека се одушевуваат на неговиот музички талент.

Што и да ја прави неа среќна. Се надевам дека еден ден ќе се омажи. Сите го обожуваат Крис, тој е супер момче. Добра личност е и кон мене секогаш се однесуваше со почит – изјавил Роналд, бивш зависник од дроги.

Мислењето на татко ѝ не го делат најблиските пријатели на Ријана. Идејата пејачката да е омажи за човекот кој физички ја нападна и тешко ја повреди, ја сметаат за страшна.

Не би ме чудело да се омажи за Крис само затоа да покажат дека не им е гајле што мислат другите и дека може да прават што сакаат. Таа помисла е застрашувачка. Нивното смирување многу ги вознемири пријателите на Ријана и нејзиниот менаџмент. Тие двајца се лоша комбинација – вели загрижен пријател на поп-ѕвездата.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска