Еди Филити, роднина на Силвестер Сталоне, на својот Фејсбук профил, директно го обвинил славниот актер за прераната смрт на неговиот син Сејџ.
Еди кој е син од полусестрата на Сталоне, напишал дека актерот го занемарувал својот син. Тој особено ја нападнал сегашната сопруга на Сталоне, Џенифер Флавин, за која смета дека е најдиректно одговорна што популарниот Роки се одалечил од својот син, но и од целото свое семејство.
Еди открил како Сејџ многу го вознемирило тоа што Сталоне, не сакал да му се јави на телефон за да му го честита роденденот на 6 јули, за што исто така ја обвинил Џенифер, за која напишал дека направила се за да ги одалечи и скара.