Род Стјуарт добил возачка дозвола без полагање испит

Од:

Популарниот пејач Род Стјуарт призна дека возачка дозвола добил така што го замолил пријателот да се запише во авто-школа под негово име.

Род Стјуарт во автобиографската книга обелодени дека неговиот менаџер, Питер Сандерс се согласил да полага возачки испит наместо него, кому му здодеало да го вози пејачот.

– Во време на дозвола без фотографии, тоа било лесно да се фалсификува. Пит заминал во авто-школата и се пријавил како Родерик Стјуарт и го положил испитот. До денешен ден, никогаш не сум полагал возачки испит во Велика Британија, раскажа пејачот.

Тој продолжи да вози кога подоцна се преселил во САД, но таму сепак, по осум години полагал и регуларно добил возачка дозвола која може се користи и во Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Ана Ивановиќ повторно бремена: Поранешната тенисерка ја објави радосната вест

Ана Ололовска

Почина актерката Џина Лолобриџида

А1он

Крис Прат ги покажа стомачните мускули

Горан Наумовски

Брус Вилис е тешко болен: „Тажно е да се гледа легенда како Брус како се распаѓа“

Катерина Ѓуровски

Исчезнатата американска актерка пронајдена мртва

Ана Ололовска

Боб Сагет починал од повреда на главата

Ана Ололовска